Baidu го претстави првиот електричен автономен автомобил

Објавено на 24.07.2022 во Електричен погон



Baidu го претстави првиот електричен автономен автомобил

Кинеската компанија Baidu го претстави првиот електричен автономен автомобил Apollo RT6. Станува збор за целосно електрично возило, изработено од нула, особено за автономното возење, чија цена изнесува околу 37 илјади долари од парче. 

„Масовното намалување на трошоците ќе ни овозможи испорака на десетици автономни автомобили низ Кина“, коментирал Робин Ли, ко-основачот и извршниот директор на Baidu.

Воланот е она по што автомобилот е уникатен. Воланот може по потреба доколку сакате да го ставите или да го извадите, и покрај тоа што е автономно возило. Кога се вади воланот, на негово место може да се постави уште едно седиште, на пример конзола за играње, па дури и автомати за продажба на храна или пијалоци. Apollo RT6 е изработен со цел да функционира како такси, само што ќе биде поевтино во споредба со другите цени.