Realme со опција како Apple, доаѓа со следниот Pro модел

Објавено на 24.02.2023 во Android



Realme со опција како Apple, доаѓа со следниот Pro модел

Apple ја претстави Dynamic Island опцијата со последниот iPhone, која на одличен начин ги комбинира хардверот и софтверот, така што хардверскиот дел во кој што се сместени камерата и сензорите, може виртуелно да се прошират прикажувајќи различни интересни информации.

Madhav Sheth од Realme објави фотографија со C-Series на Twitter, за телефон што доаѓа со опција Mini-Capsule. Неговата објава набрзо била отстранета од Twitter, но истата анимација ја префрлил и @OnLeaks. На анимацијата може да видите екран со камера сместена во дупката, која што може да се прошири во виртуелна мала капсула, на која што се прикажува процент на батеријата. Наскоро се очекува да ја видиме новата Mini-Capsule опција на новиот Realme телефон.