Дознајте која е стратегијата на Samsung за 2024год

Објавено на 10.01.2024 во Новости



Дознајте која е стратегијата на Samsung за 2024год

Samsung ги презентираше идеите на прес-конференција на саемот CES® 2024, Samsung се здружи со клучните партнери за да ја претстави технологијата зад оваа визија и да објасни како новите производи и услуги ги користат можностите на вештачката интелигенција за да го олеснат животот.

Во светот на технологијата се цели кон тоа да се олесни секојдневието на корисникот, па затоа се нудат разни бенефити и решенија, како и поврзување на сите уреди кои ги поседувате за вештачката интелегенција да заврши се наместо Вас. 

„Со појавата на вештачката интелигенција, попаметните, подобри искуства ќе го редефинираат начинот на кој живееме“, сподели Јонг-Хи (Џ.Х.) Хан (Jong-Hee (JH) Han), потпретседател, извршен директор и раководител на одделот за корисничко искуство (DX) на Samsung, ја отвори прес-конференцијата објаснувајќи како вештачката интелигенција ќе им овозможи на поврзаните технологии да го подобрат секојдневниот живот на корисникот  „Широкото портфолио на моќни уреди на Samsung, заедно со стремежот за отворена соработка, ќе помогне да се донесат вештачката интелигенција и хипер-поврзаноста до сите“.

Џејон Јунг (Jaeyeon Jung), извршен потпретседател и раководител на платформата SmartThings, ги истакна возбудливите нови начини на кои технологијата за вештачката интелигенција влијае на односот помеѓу корисниците и нивните уреди, вклучувајќи ја и визијата на Samsung за SmartThings: Колку повеќе уреди на Samsung користи клиентот, толку тие уреди стануваат попаметни и толку подобро можат да го разберат и поддржат секојдневниот живот.

Досега, на корисниците им е позната стуктурата затоа што вештачката интелегенција на самиот телефон ги следи и ги памети навиките на корисникот, за да може корисникот да е задоволен. Уште пред неколку години беше најавена визијата за непрекинат екосистем и заедничко контролирање на смарт уредите кои ги поседувате.

Просторната вештачка интелигенција е клучот за овозможување на оваа визија, помагајќи им на уредите да го разберат просторот за живеење и рутините на корисникот, со што ќе се овозможи поперсонализирано искуство за управување со домот. SmartThings користи LiDAR9 на поврзани уреди, како што се роботските правосмукалки, за да креира дигитални планови за да може корисниците лесно да ги проверат статусот и локацијата на сите нивни уреди. А во март, SmartThings ќе го претстави надградениот 3D приказ на мапа за подетално искуство на паметните телефони и телевизори Samsung. Понатаму, едноставен QR-код ќе им овозможи на корисниците да додадат члденови на семејството и пријатели во нивниот екосистем SmartThings, така што секој член на домаќинството ќе може да креира свои рутини.

Користејќи паметни сензори и вештачка интелигенција, SmartThings ќе може да детектира невообичаени околности, како што е пад, и да испраќа предупредувања до наведениот член од семејството или друг назначен корисник, како што до сега беше само возможно преку Galaxy Watch. Исто така, благодарение на Galaxy SmartTag2, корисниците можат да ги следат активностите на нивните миленици и дигитално да складираат информации за идентификација со прикачување на ознаката на ременот.

Преку SmartThings, корисниците ќе можат да користат гласовни команди за далечински да извршуваат функции во нивниот автомобил, како што е загревање на возилото однапред или отворање и затворање прозорци. Поврзувањето на SmartThings оди и во друга насока, со тоа што корисниците можат да ги контролираат домашните функции од нивното возило. Корисниците ќе можат автоматски да ги отвораат и затвораат гаражните врати врз основа на локацијата на автомобилот, како и да ја регулираат температурата во домот. Сите овие дејства може да се извршат преку гласовни команди.

Samsung додава нови функции за да ја зголеми достапноста на уредот, како што е функцијата дигиталните уреди да реагираат на гестикулации без раце. Дополнително, мобилните уреди обезбедуваат автоматски генерирани написи за време на повиците, а телевизорите и екраните нудат нова AI-функција за претворање на текст во говор, која ги претвора титловите во говорен звук. За дополнително да им помогне на лицата со слаб вид, Relumino Together е нов режим на гледање на телевизорите на Samsung што им овозможува на сите корисници да гледаат телевизија заедно, со или без визуелни прилагодувања. Сега, сите заедно може да уживаат во домашната забава.

Важна информација за Вас доколку сакате да испробате некоја од овие опции или сите, е дека Вашиот мобилен телефон, кој ќе биде главен уред за контролирање, мора да е поврзан со Samsung Account. 

Автор: Aleksandar Stankov