ESPN Radio за Windows Phone

Објавено на 09.08.2012 во Windows



ESPN Radio за Windows Phone

 

Еден од најпопуларните медиумски гиганти ESPN, промовираше сопствена апликација за платформата на Windows Phone, која се фокусира на радио сегментот.

Преку апликацијата ќе имате пристап до сите радио станици на ESPN мрежата, вкупно на број 35, како и можност да ги слушате најпопуларните шоуа на нивните водители.

Интересна опција е креирањето на сопствена омилена листа, на која ќе може да ги добивате оние информации за спортови, тимови и спортисти кои ги пратите и ви се омилени.

ESPN Radio е бесплатна за инсталирање, а може да ја превземете од Windows Phone Store.