Што нуди новиот оператор Albafone

Објавено на 14.11.2013 во Новости



Што нуди новиот оператор Albafone

Новиот виртуелен мобилен оператор Albafone ја лансираше својата веб страница albafone.mk преку која се нудат услугите на компанијата, како и можноста корисниците да се запознаат со нивната понуда. Страницата функцинира на албански, македонски и англиски јазик и во овој момент Albafone има привлечна припејд понуда.
 
 
Првите корисниците кои ќе го изберат припејд пакетот на Albafone ќе може да купат СИМ картичка за 250 денари со која добиваат 250 денари кредит, а во овој почетен период во пакетот се вклучени и неколку поволности.
 
 
Корисниците ќе имаат можност за неограничени разговори кон Albafone во првите три месеци, како и 73 минути кон останатите фиксни и мобилни мрежи кои може да се искористат во првиот месец. 
 
Цена на СМС порака кон сите мрежи изнесува 2.9 денари, цената на СМС порака кон сите оператори надвор од Република Македонија изнесува 6 денари, додека пак цената на интернет е 7 денари за 1 MB.
 
На нашиот сајт во менито тарифи може да ги погледнете споредбите на понудата која има новиот оператор Albafone заедно со основната припејд тарифа на операторот ОНЕ, со основната припејд тарифа на Vip Talk, припејд тарифата на T-Mobile Easy Talk и посебната припејд понуда на ОНЕ ЏаБест.