mSpy е специјален софтвер за шпионирање

Објавено на 14.03.2014 во Новости



mSpy е специјален софтвер за шпионирање

По избивањето на скандалот со прислушкување на Американската безбедносна агенција преку програмата PRISM на пазарот беа лансирани повеќе сигурни смартфони кои имаат голема софтверска заштита и комуникацијата на корисниците ќе остане безбедна. Сега, на пазарот ќе биде лансиран сосема спротивен софтвер кој ќе ви овозможи да шпионирате било кого.

Се работи за mSpy софтверот кој може да се инсталира на речиси сите мобилни брендови како Samsung, iPhone, HTC, BlackBerry, Nokia и останатите. Со mSpy може тајно да следите било кое лице бележејќи ги неговите активности, GPS позиционирањете, па дури може да се снимаат и разговорите и сите податоци да ги добивате преку интернет на многу лесен начин.

Андреј Шиманович основачот на mSpyвели дека не е загрижен за неговиот софтвер, објаснувајќи дека начинот на кој ќе го користите е исто како и со оружјето, ако направите криминал вас ќе ве гонат, а не производителот. Цената на mSpy софтверот за шпионирање ќе чини 199 долари годишно.