Nokia Lumia 520 запира куршуми - Спасен живот на полицаец

Објавено на 02.05.2014 во Новости



Nokia Lumia 520 запира куршуми - Спасен живот на полицаец

Од Сао Паоло, Бразил доаѓа уште една неверојатна сторија каде 24 годишен припадник на воената полиција за влакно успеал да се спаси или подобро кажано неговиот смартфон Lumia 520 го сопрел куршумот.

Полицаецот кој во тој момент не бил на должност отишол во посета на неговите родители кои биле држени како заложните од страна на двајца вооружени ограбувачи. Еден од крадците испукал два куршума кон полицаецот, а еден од нив го погодил смартфонот Lumia 520кој се наоѓал во неговиот џеп. Ограбувачите со пленот заминале од куќата и полицијата се уште трага по нив.