Рекордот за најбрзо напишана СМС порака е двојно подобрен

Објавено на 30.06.2014 во Timeless



Рекордот за најбрзо напишана СМС порака е двојно подобрен

Уште со првите мобилни телефони кои имаа можност за испраќање на СМС пораки се организираат натпревари за поставување на рекорди, а познатите брендови ги користат за промоција на своите производи. Интересно е што Гинисовиот рекорд од 41.52 секунди поставен во 2006 година на обичен телефон до денес е двојно подобрен и најновиот изнесува само 18.19 секудни.
 
 
Претставниците на Гиниз во изминатите години од натпреварувачите бараат да ја напишат СМС пораката со содржина "The razor-toothed piranhas of the genera Serrasalmus and Pygocentrus are the most ferocious freshwater fish in the world. In reality, they seldom attack a human". Со развојот на технологијата телефоните со физички тастатури ги заменија екраните на допир, а со тоа и различни апликации кои нудат брзи и ефикасни виртуелни тастатури.
 
 
Новите рекорди се постигнати со Swype тастатура која внесува зборови со лизгање на екранот и има ефикасен систем на предвидување. Сепак, уште подобар резултат постигна Марсел Фернандез кој има 16 години и го собори рекордот со Fleksy тастатурата на Samsung Galaxy S4.