Galaxy Photo ќе го разубави вашиот смартфон
Објавено на 31.07.2014 во Android
Samsung Mobile лансираше нова апликација Galaxy Photo која е наменета за подобра организација на заклучениот екран на смартфонот каде може да одберете слики од вашата галерија кои ќе се прикажат во слајдшоу, како и стандардните мали виџети за приказ на часовникот, датумот, времето, статусот на мобилните и интернет конекциите, како и процентот на батеријата.
Како што асоцира самото име Galaxy Photo Lock Screen апликацијата е пред се наменета за Galaxy смартфоните како што се Galaxy S5, Galaxy S4, Galaxy Note III и останатите, но може да се инсталира и на повеќе Android модели кои не се произведени од Samsung.
Galaxy Photo Lock Screen може бесплатно да ја превземете од Play Store за повеќето смартфони кои работат на верзијата на Android 4.0 или понова.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.