Со Camera51 ќе правите профи слики од прва

Објавено на 19.10.2014 во Android



Со Camera51 ќе правите профи слики од прва

Camera51 е апликација која наместо вас ќе ја прилагоди сцената за сликање автоматски со сите потребни параметри за осветлувањето, балансот на бело, изложеноста, како и за останатите додатоци, па се што треба вие да направите за совршени слики од прва е да го притиснете шутерот или копчето за сликање.
 
Camera51 - a smarter camera - screenshot
 
Најдобри резултати со Camera51 се добиваат кај поновите и помоќни телефони бидејќи за сите пресметки потребна е поголема компјутерска моќ и може да се користи за селфи фотки, групни фотки, како и за пејсажи со детектирање на сите елементи во кадарот. 
 
Camera51 - a smarter camera - screenshot