Биди дел од „Wave” - Најголемо интернет истражување

Објавено на 22.10.2014 во Новости



Биди дел од „Wave” - Најголемо интернет истражување

Универзал медиа Скопје ве поканува да учествувате во “Wave” - најголемото глобално истражување за социјалните медиуми. Осмотоиздание на “Wave  - The language of content” се спроведува во 65 земји, во него учествуваат повеќе од 50.000 интернет корисници кои ги претставуваат погледите, потребите и однесувањето на  1 милијарда највлијателни корисници на интернет и социјалните медиуми од целиот свет.

Благодарение на Универзал Медиа Скопје, интернет корисниците од Македонија имаат можност да учествуваат во истражувањето и да ја постават Македонија на светската “Wave” мапа. Сè што треба да направат е да одвојат 30 минути и да го пополнат прашалникот на овој линк: http://bit.ly/wave8mk. Секој учесник кој ќе го пополни прашалникот и точно ќе одговори на поставеното прашање добива можност да учествува во натпреварот за освојување Acer Tablet.

“Wave” е најдолгата и најамбициозната годишна анализа на социјалните медиуми која ја спроведува медиумската агенција Универзал Медиа низ целиот свет. Истражувањето го мери влијанието на социјалните медиуми ширум светот истражувајќи ги новите можности и промени кои настануваат во комуникациските технологии. Истражувањето во Македонија го спроведува Универзал Медиа Скопје.