Кинезите го клонираа и Apple Watch

Објавено на 09.01.2015 во Смарт часовници



Кинезите го клонираа и Apple Watch

Apple успеа да ги загрее своите фанови со најавата на смарт часовникот Apple Watch, но се уште го нема пласирано на пазарот, па затоа празниот простор го искористи кинеската компанија Hyperdon која лансираше идентичен клон.
 
 
Hyperdon смарт часовникот има дизајн кој премногу наликува на Apple Watch, ископиран е изгледот и на менито и на апликациите, па дури ги користи и истите промотивни шеми на Apple. 
 
 
Часовникот Hyperdon се продавал на саемот CES по цена од 27 долари и претставници од компанијата не откриле премногу спецификации освен дека има батерија која трае 180 часа, може да се поврзе со iOS или Android смартфон, има музички плеер, аларм, педометар и може да ги превзема телефонските повици.