Lenovo бележи рекорден раст - Одличните смартфони најзаслужни

Објавено на 04.02.2015 во Новости



Lenovo бележи рекорден раст - Одличните смартфони најзаслужни

Профитот на Lenovo ги надмина очекувањата со рекордно зголемување од 109% на продажбата на паметни телефони во крајот на 2014 година. Lenovo оставри чиста добивка за последниот квартал од 2014-та во износ од 253 милиони долари, што е далеку над предвидените 200 милиони долари.
 
 
Приходите на Lenovo се со раст од 31% во периодот меѓу октомври и декември, и достигнуваат сума од 14,1 милијарди долари. Ова е исто така повеќе од очекуваните 13,7 милијарди долари од продажба. Од Lenovo најавија дека држат рекордни 20% удел во трговијата со персонални компјутери, во последното тримесечје на 2014 година со продажбата во износ од 9,15 милијарди долари.
 
 
Најголем дел од успехот на Lenovo сепак се должи на продажбата на смартфони со неколку одлични модели како Lenovo Vibe Z2 Pro, Lenovo Vibe X2 и Lenovo S856. Превземањето на Motorola Mobility од Google исто така има влијание во растот од 109% бидејќи и Moto смартфоните имаа успешна година на пазарот.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: