Facebook ја тестира „See First“ за новите содржини

Објавено на 21.06.2015 во Новости



Facebook ја  тестира „See First“ за новите содржини

Facebook е постојано во потрага по нови начини да ги задржи своите клиенти на сервисот. За таа цел ја тестира новата опција „See First“, за да им овозможи на корисниците да ја видат содржината од своите пријатели или страници на врвот на „News Feed“, односно најгледаното место на Facebook.



Постои и сега начин за гледање на новите содржини преку известувања, но „See First“ е секако полесен и поприроден начин за добивање на нови содржини од вашите пријатели и омилените фан страници. Facebook исто така нема да го извести корисникот што сте го избрале со опцијата „See First“, така што нема да изгледате нападно и како ловец на постови.



Очигледно оваа опција ќе биде златен рудник за реклами, но прашање е дали Facebook ќе дозволи реклами за појавување на врвот на „News Feed“ или пак намената е повеќе дизајнирана за да излегува поважна содржина.

Автор: Aleksandar Stankov