T-Mobile и Huawei ексклузивно го претставија P8 - тенок и брз

Објавено на 26.06.2015 во Новости



T-Mobile и Huawei ексклузивно го претставија P8 - тенок и брз

T-Mobile Македонија во соработка со Huawei Македонија официјално го претставија новиот модел P8, со мотото „разгори ја твојата имагинација“. Со промоција на новиот смартфон во Македонија, беа претставени и неговите спецификации, при што најсилните адути на телефонот е дека е ултра-тенок и поседува брз процесор.



P8 е скапоцен камен, инспириран од слоевитиот дизајн, кој се одликува со чисти и естетски линии и со дизајнот наликува на футуристичка технологија. Моделот изгледа исклучително и многу практичен и комфортен е за ракување.  Со неговиот 5,2-инчен дисплеј и дебелина од 6.4 милиметри, Huawei P8 претставува совршен баланс помеѓу убавината и комфортот.



Под хауба има процесор Kirin 930 кој обезбедува брзо функционирање и 64-битен процесор со осум јадра, што значи дека Huawei P8 претставува олицетворение на моќ и брзина во споредба со сите свои досегашни модели. Има 3GB RAM меморија и 16/32GB меморија за податоци со батерија со капацитет од 2680mAh.



Неговата иновативна камера ќе ги импресионира сите љубели на убава фотографија. Задната камера е 13MP, која фасцинира со новата технологија на пиксели, составена од сензор со четири суб-пиксели - red, green, blue и white, додека предната изнесува 8MP.



Оптичката стабилизација на сликата овозможува секоја слика да ви биде ултра остра и супер.



Заедно со P8, беше претставен и P8 Lite, кој е всушност поевтин и помала верзија, со добри спецификации. Има помал дисплеј од 5 инчи со HD резолуција од 720x1280 пиксели, работи на осумјадрен HiSilicon Kirin 620 процесор од 1.2Ghz, 2GB RAM, има 16GB меморија и можност за надополнување на меморијата со microSD картичка, и батерија со капацитет од 2200mAh.



Дизајнот на P8 Lite се одликува со тенка рамка од 7,7 милиметри, 5MP селфи камера и 13MP задна камера со двоен LED блиц. Неговиот софтвер е Android 5.0. Цената на Huawei P8 Lite во Т-Mobile Македонија изнесува 14.990 денари без договор.



„Разгори ја твојата имагинација“ со неодоливиот и футуристички дизајн, и со брзиот процесор на Huawei P8.