Motorola DROID 4 за своите верни фанови

Објавено на 02.03.2012 во Рецензија



Motorola DROID 4 за своите верни фанови

Вовед

Од лансирањето на првиот Motorola DROID се појавија два наследника, за кои и двата имаше некои поплаки. За последниот, Motorola DROID 3, корисниците се жалеа дека ѝ недостасува 4G LTE технологија, односно се потпира само на 3G мрежата, додека нејзините конкуренти веќе се напред.

Затоа Motorola DROID 4 конечно реши да биде во тек со времето и да им излезе во пресрет на корисниците. А, еве што ќе ни понуди тој:

Предности

• 4 qHD LCD дисплеј со резолуција од 960 х 540 пиксели
• Дво-јадрен процесор на 1.2GHz и 1GB RAM меморија
• Android OS v2.3 Gingerbread
• Камера од 8 мегапиксели со авто-фокус
• miniUSB порт
• Bluetooth
• Wi-Fi 802.11 b/g/n
• GPS применик со A-GPS
• Стерео FM радио со RDS
• HDMI приклучок
• Вграден accelerometer и сензор за близина
• Стандарден 3,5 мм аудио
• 8 GB внатрешна меморија
• microSD мемориска картичка

Недостатоци

• Tежок и гломазен
• Слаба батерија
• Не се знае дали ќе дојде надградба за ICS


Со кутијата добивате

Тука ги добивате вообичаените работи (види слика) како апарат, разни прирачници, гаранции, microUSB кабел, полнач, но и интересна алатка за отстранува на задната маска за да дојдете до батерија.



Дизајн и дисплеј

Ова е најголемиот DROID во семејеството, но за среќа го задржува тенкиот профил и ниската тежина од едвај 179 грама. QWERTY тастатурата, за разлика од кај претходните модели, е една од најдобрите и чувствителни тастатури.

DROID 4 го користи 4 инчниот qHD (540 x 960 пиксели) TFT LCD дисплеј кој нема кој знае колку да ве воодушеви, освен во густината на сликата (275 ppi) и прецизноста на боите, но и покрај тоа некако сликата ќе ви изгледа помалку бледа.

Над дисплејот, во горниот десен агол, се наоѓа предната камера од 1,3 мегапиксели, додека копчето за вклучување и аудио приклучокот ќе ги најдете на врвот од уредот.

Од десната страна на телефонот се наоѓаат само копчињата за контрола на звукот, додека од левата страна се наоѓаат microUSB и microHDMI портовите.

На задниот дел од телефнот, се наоѓа камерата од 8 мегапиксели со автофокус и отворот за вметнување на алатката за отворање на задната маска (доаѓа со телефонот). Таму ќе ве пречека батерија од 1,785 mAh која издржува 10 часа нормална употреба.



Интерфејс

За жал нема никакви промени во MOTOBLUR интерфејсот кој можевте да го видите кај DROID 3 и што е уште полошо, овој интерфејс се базира врз Android 2.3.6 Gingerbread, наместо на ICS како што би се очекувало од еден нов смартфон.

И покрај тоа, ни се доаѓаат 3D визуелните ефекти и анимации кои придонесуваат за интересна навигација на телефонот.



Интернет

Овој пат нема пропусти, DROID 4 е благословен со 4G LTE поддршка која овозможува брз пренос на податоци и брзо отворање на веб-страниците.

Уживањето е дополнително зголемено со добрата чувствителност и реактивност на екранот, независно дали при навигација или зумирање со прсти. Речиси и да не покажува знаци на забавување или заглавување, што го прави овој телефон еден од подобрите во својата класа – дури и кога се работи за Flash содржина (видеа, анимации, игри)



Камера

Околу интерфејсот на оваа аплиакација нема некои поголеми промени, но ни се допаѓа како што е. Тука мислиме на виртуелното копче за сликање, контролите за дигитален зум и виртуелното копче за активирање на видеото. Исто така, со малку подетално „чепкање“ по опциите ќе ги пронајдете и останатите опции за бирање, како начини на сликање, различни ефекти итн.

Во поглед на квалитет на сликите, не е баш меѓу најдобрите, но во секој случај прифатливо. Боите немаат баш јасни детали, особено не на сончева светлина.
Исто така, во слабо осветлени средини, се забележуваат „збрчкување“ и бледило.

Иако блицот малку ги изострува работите, сепак теминината е голем непријател за камерата кај DROID 4.



Мултимедија

Кога сме кај истиот интерфејс, истото го мислиме и на музичкиот плеер кај кој нема промени од минатите модели. Значи за сите албуми (кои имаат) покажува сликичка (аlbum art) и контролите за плеерот. И тука се пристутни споменатите 3D ефекти, при разгледувањето на песните.

Видео плеерот поддржува DivX формат и прикжаува филмови со резолуција од 1920 x 1080, тој е едноставен и брз.



Софтвер

Бизнис корисниците особено ќе го ценат Motorola DROID 4 поради разните апликации како GoToMeeting, MOTOPRINT, Quickoffice (види слика).

Исто така, телефнот нуди и интересни апликации од типот на MotoCast за „стриминг“ на каква било содржина од PC поврзано во вашиот смартфон, па за спортистите тука е MOTOACTV со најразлични информации (тајмер, калории, растојание и сл.), додека Smart Actions ќе ви овозможи на брз, но и ефикасен начин да си ги организирате обврските.

Заклучок

Кога се работи за Motorola, особено за DROID семејството, од напред треба да знаете дека компанијата никогаш не произведувала телефони со „убиствени“ перформанси, туку секогаш некако ги балансира работите.

Кај DROID 4 тимот од Motorola се обидел да ги слушне жалбите од корисниците од претходните модели и да ги стави кај него (како доста почитуваната 4G LTE технологија).



Исто така, иако во Македонија сè уште нема понуди со овој смартфон, сепак во другите земји тој се нуди со доста пристојни цени, особено во понудите со договор на две години, па не гледаме зошто тоа би било исклучок кај нас.

Велат дека Motorola секогаш си има свои верни фанови кои без сомневање се одлучуваат за секој нејзин нов производ, така што сигурни сме дека и за DROID 4 ќе има заинтересирани.

Кажете ни што мислите Вие за него, ОВДЕ.

Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: