Samsung Galaxy Z Fold 4: Наменет за оние што работат во движење

Објавено на 20.08.2022 19:37 во Рецензија


Samsung Galaxy Z Fold 4: Наменет за оние што работат во движење

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Два екрана, едниот помал, другиот поголем колку таблет;
+ IPX8 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина;
+ Моќни перформанси;
+ Голема меморија;
+ Поддршка за S Pen;
+ Добра цена;

 

Negatives:



Целата рецензија

Дизајн

Samsung Galaxy Z Fold 4 го задржа својот препознатлив дизајн на преклопување и доби карактеритики што ја зголемуваат функционалноста, без оглед во кој режим работи. Ова е првиот уред со Android 12L, специјална верзија на Android оперативен систем за големите екрани, вклучувајќи ги и преклопните уреди.

Јачината на самиот уред ја обезбедуваат Armor Aliminium рамката, механизмот за преклопување и заштитното стакло Coring Gorilla Glass Victus+ на предниот екран и задниот дел на уредот, а исто така е сертифициран за IPX8, отпорност на прашина и на вода.

Дисплеј

Samsung Galaxy Z Fold 4 има 2 екрана, внатрешен (или главен) 7,6-инчен QXGA+ динамичен AMOLED 2X со Infinity Flex дисплеј и стапка на освежување до 120Hz. Вториот дисплеј има големина од 6,2-инчи со HD+ резолуција, кој се наоѓа на предниот дел од капакот, исто така е динамичен AMOLED 2X со стапка на освежување до 120Hz.

Софтвер

Како што беше истакнато при презентацијата, главната карактеристика на Galaxy Z Fold 4 ќе биде мултитаскингот. Новата лента со задачи овозможува добар преглед на работната површина и нуди пристап до сите омилени и последно користени апликации на корисникот.

Отворените апликации се појасни и полесни за пристап, благодарение на новите гестови со лизгање. Корисникот може лесно да ги префрли апликациите од цел екран на помали прозорци или да го подели екранот на половина за да го олесни извршувањето на повеќе задачи.

Партнерството со Google и Microsoft овозможи да се крераат нови функции. Така, сега Chrome и Gmail ја поддржуваат функцијата со влечење и спуштање, која што им овозможува на корисниците брзо копирање и лепење на линкови, фотографии и друго од апликација до апликација.

Google Meet овозможува видео конекција, гледање видеа заедно на платформата на YouTube или играње на видео игри преку видео повици. Пакетот на Microsoft Office и Outlook, ги користат предностите на преклопниот екран, обезбедувајќи повеќе информации и побрзи начини за интеракција на содржината. 

Искуството со повеќе задачи е комплетирано со S Pen, кое што овозможува да цртате и да правите белешки додека сте во движење со поедноставено складирање во внатрешноста на куќиштето за стоење со преграда за пенкало.

За неоптимизирани апликации, корисниците можат да го контролираат уредот без да ја преминуваат содржината, што се гледа со помош на новата функција Flex Mode Touchpad. Оваа функција овозможува прецизност при запирање, премотување и репродукција на видеа или зумирање на содржина додека уредот е во Flex режим.

Камера

Има селфи камера од 10MP на капакот, а на задната страна има троен сет од сензори, што се состојат од главна широкоаголна камера од 50MP, ултра широка камера од 12MP и телефото камера од 10MP.

Samsung вели дека задната камера применува 30X Space Zoom, што вклучува 3x оптички сум и 30x дигитален зум со технологија за супер резолуција со вештачка интелигенција. За разлика од претходните верзии, внатрешната камера е скриена под екранот, со резолуција од 4MP.

Хардвер

Samsung Galaxy Z Fold 4 поддржува 5G технологија, а 8-јадрениот процесор и мобилната платформа Snapdragon 8+ Gen 1 се грижат за брзината на работата на телефонот. Моделот пристигнува во неколку верзии: 12GB RAM + 256GB ROM или 12GB RAM + 1TB ROM меморија. 

Заклучок

Samsung е дефинитивно лидер на пазарот на преклопни смартфони, посветен на константни иновации и подобрување на својот преклопен механизам. Samsung Galaxy Z Fold 4 е најдобриот преклопен смартфон на пазарот, со најмоќни перформанси и издржлив механизам на отварање, кој што ви овозможува преглед на опциите со мал екран и со голем екран колку таблет. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.