BlackBerry тастатурата за Galaxy Note 5 е тотално промашување
Објавено на 16.08.2015 во Новости
Samsung Mobile сакаше да ја зголеми атрактивноста на новите Galaxy Note 5 и Galaxy S6 Edge + со QWERTY тастатурата која е изработена во стилот на BlackBerry, но првите примероци покажуваат дека додатокот воопшто не функционира и физичките копчиња имаат многу лош сензитет.
QWERTY тастатурата воопшто не се поклопува со дизајнот на Galaxy Note 5 и Galaxy S6 Edge + и притискањето на копчињата ги попречува вградените функционални копчиња под дисплејот што доведува до мешање на функциите. QWERTY додатокот чини дополнителни 80 долари и не се препорачува да го купите.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.