Погледнете го новиот Nokia C1 смартфон по долго време

Објавено на 04.09.2015 во Новости



Погледнете го новиот Nokia C1 смартфон по долго време

Nokia веќе нема изговори пред јавноста дека не планира да пушти нов смартфон на пазарот бидејќи се откриени првите слики од Nokia C1 кој наместо со Windows ќе работи со Android оперативен систем. Амбициите за враќање на пазарот ќе бидат поскромни бидејќи Nokia C1 ќе биде смартфон од средната класа со пониска цена.

За Nokia C1 е познато дека ќе има 5 инчен HD дисплеј, ќе работи со осум-јадрен процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 8 мегапикселна главна камера, 5 мегапикселна селфи камера, а за дизајнот постои можност да биде ангажиран некој од кинеските брендови како Meizu. Пласманот на Nokia C1 се очекува во текот на есента.





Прочитајте повеќе: