Сите работи кои Apple за iPhone 6s ги зема од Android

Објавено на 14.09.2015 во Новости



Сите работи кои Apple за iPhone 6s ги зема од Android

Apple повторно имаше моќна презентација на нови производи која секој фан и корисник го увери дека компанијата е способна за иновации и одржување на квалитетната понуда, но мораме да бидеме искрени и да кажеме дека добар дел од нив веќе беа присутни кај Android конкурентите, па еве дел од нив.

Дизајнот на Apple не донесе ништо ново и атрактивно оваа година бидејќи циклусот на промени природно се одвива на секои две години, но еден детал е многу важен во маркетингот на iPhone 6s и iPhone 6s Plus, а тоа е изборот на розево-златна боја која во претходниот период беше хит кај Android конкурентите, особено во Азија. Сега Apple има одлична старт со нарачка на илјадници смартфони токму со оваа „нова“ боја.

Во делот на камерата iPhone 6s носи големи подобрувања за селфи фотките, особено со активирање на Retina Flash, со осветлување од самиот екран за попридони бои. Фановите повторно ќе се воодушевуваат на генијалноста на Apple, но всушност оваа иновација ја претстави Oppo и тоа пред неколку месеци кај Oppo R7 и Oppo Mirror 5 телефоните.

Третиот елемент кој Apple задоцни да го претстави е токму најважниот наречен 3D Touch преку сензитивните сензори кои ја проценуваат јачината на допирот. Ваквиот сензор веќе го вгради Huawei во Mate S смартфонот и ZTE во Axon серијата за добивање на многу продлабочен интерфејс каде различно се реагира на секој допир со поголем избор на команди. Во секој случај, Apple е доволно моќен бренд и повторно сите овие новитети ќе бидат доволно за фановите да ги разграбаат новите iPhone 6s и iPhone 6s Plus.

Автор

Христијан Станоевиќ