Новиот Nissan автомобил - прекриен со дисплеи

Објавено на 06.10.2015 во Новости



Новиот Nissan автомобил - прекриен со дисплеи

Технологијата и автомобилите рака под рака во последниве години се развиваат интензивно и постојано излегуваат концептни возила.

Новиот автомобил „Teatro for Dayz“ на Nissan е наменет зз селфи генерацијата, вели компанијата. Возилото е произведено за возење, дружење со пријателите и споделување на искуства за него. 

Nissan не дава конкретни детали како ќе изгледа автомобилот за време на возењето, но она што знаеме е дека е целосно прекриен со панели и дисплеи - внатре и надвор. На дисплеите се емитуваат информации од навигација, состојба на автомобилот, случувањата на патиштата и статуси од одредени социјални мрежи. 

Има ротирачки седишта, слични како оние на концептното возило на Mercedes-Benz. Nissan „Teatro for Dayz“ е фантастичен автомобил и технолошката опрема, кој по големина е мал. 

Официјално се очекува да биде претставен на Toyota Motor Show, на крајот на месецов.