Пласманот на Music за Android ќе му донесе екстра профит на Apple

Објавено на 26.10.2015 во Новости



Пласманот на Music за Android ќе му донесе екстра профит на Apple

Apple веќе има огромен успех со музичката апликација која е достапна за корисниците на iOs во Северна Америка со илјадници претплатници, но вистинскиот бум на профитот ќе настапи со пласманот на Apple Music за Android.

На површина излегоа и првите слики од интерфејсот на Apple Music за Android каде се гледаат задолжителните елементи поставени од Google со „хамбургер“ менито, а ги има и повеќето навигации и од iOs апликацијата. Месечната претплата за Apple Music изнесува 9.99 долари со што добивате неограничен пристап до музика и радио станици, како и стриминг во секое време. 

Пласманот на Apple Music за Android го очекуваме во текот на декември и веќе етаблираните конкуренти како Spotify и Pandora веќе се жалат на губење на огромен број на корисници.