Погледнете ги новите забавни реклами за iPhone 6s

Објавено на 01.11.2015 во Новости



Погледнете ги новите забавни реклами за iPhone 6s

Apple лансираше две нови реклами токму на почетокот на празничната сезона која во САД започнува со Ноќта на вештерките. Новите реклами се прилично забавни и кратки и откриваат само дел од функциите на iPhone 6s. Во првото видео актерот Џејми Фокс бара од Siri да „фрли“ петка-глава бидејќи се двоуми меѓу две сценарија за филм и на крај одбира научно-фантастичен вестерн.

Во втората реклама го гледаме Стивен Кари еден од најдобрите кошаркари во НБА кој погодува тројка од половина терен, а притоа е снимен со новата опција на камерата Live Photos која постојано е активирана и прави снимки од 1.5 секунди пред и по стискање на копчето. Како ви се дооаѓаат новите реклами на Apple.