Алибаба го отвори Сезамот со 10 милијарди долари

Објавено на 11.11.2015 во Новости



Алибаба го отвори Сезамот со 10 милијарди долари

На Алибаба му успеа да го „отвори Сезамот со богатство“ со неверојатниот рекорд на дневна продажба која достигна вредност од над 9 милијарди долари. Кинескиот онлајн сервис за трговија на најдобар можен начин го искористи националниот празник „Ден на самците“ и кинезите ги зафати шопинг треска со тоа што за само 8 минути направиле промет од дури една милијарда долари. 

До крајот на денот може да ја надминат бројката од 10 милијарди долари што е за два пати повеќе од онлајн шопинг треските во САД за Сајбер понеделник кога се свртеле 5.3 милијарди долари.