Текстилците добија наменска апликација за прекршувањето на работничките права

Објавено на 26.12.2019 во Новости



Текстилците добија наменска апликација за прекршувањето на работничките права

Сите знаеме дека во државава текстилните работници имаат најтешки услови за работа, поради злоупотреба од страна на работодавците. Така се доби мотивација за изработка на апликацијата „Гласен Текстилец“. https://glasentekstilec.mk/

Горјан Јовановски бил инспириран од ситуацијата да им помогне на текстилците и така во ноември покренал иницијатива за изработка на апликацијата што ќе им помогне на текстилните работнички да ги пријават нивните проблеми. За кратко време се собрале потребните средства, затоа платформата Гласен Текстилец е веќе готова.

Мери Маркова работела на frontend делот, Филип Ванчевски на backend, Кристијан Трајковски за UX/UI Design, Вилдан Дрпљанин и Влатко Токарев на правната помош и Кристина Ампева помогнала за собирање на информации , додека целата иницијатива, како што спомнавме погоре е на Горјан Јовановски. Браво!