Samsung Galaxy S11 доаѓа со огромен дисплеј

Објавено на 30.12.2019 во Новости



Samsung Galaxy S11 доаѓа со огромен дисплеј

Samsung Mobile има големи изненадувања за фановите некаде во февруари следната година, а едно од нив ќе биде претставувањето на огромниот Samsung Galaxy S11 од кого се појави првиот неофицијален рендер.

Според прикажаното на сликата Samsung Galaxy S11 ќе има прилично голем на граница на таблет дисплеј од 6,9 инчи со Quad HD резолуција и секако Super AMOLED технологија.

Без оглед што дисплејот на Samsung Galaxy S11 Plus е еден од најголемите предноста лежи во минималната тенка рамка која е речиси невидлива па така предната повторно е целосно искористена во полза на дисплејот.