„Huawei нема да помине лесно се додека е на црниот список“

Објавено на 21.01.2020 во Новости



„Huawei нема да помине лесно се додека е на црниот список“

Аналитичарите сметаат  дека за Huawei нема да биде лесен патот се додека има забрана за соработка со американските компании. Google не му дозволи на Huawei да вметне свои апликации, затоа сега изработува свој софтвер и го изработува на фино со помош на цела армија мотивирани девелопери. 

Huawei во Лондон на последната конференција објави програма за поддршка на развој на софтвер, за што плаќа вртоглави 26 милиони долари, само за програмерите од Велика Британија и Ирска. Целта на девелоперите ќе биде да креираат апликации за мобилната платформа на Huawei Mobile Services (HMS). Аналитичарот Бен Вуд од CCS Insight смета дека Huawei има мали шанси да успее во креирањето на друга алтернатива од Google Play. 

Автор: Aleksandar Stankov