Samsung го најавува Galaxy Tab 8.9
Објавено на 27.09.2011 во Новости
Samsung продолжува да го обновува Galaxy семејството, а сега тоа ќе го збогати со Galaxy Tab 8.9.
Засега, јасно е дека Samsung е најуспешниот играч со Android на пазарот. Со цела таа серија на нови смартфони и таблети, јасна му е целта: да го надмине својот американски конкурент Apple.
Samsung Galaxy Tab 8.9 е најтенкиот таблет досега виден, а малиот дисплеј само го прави преносен „ѕвер“. Иако е помал во однос на некои други негови конкуренти, тоа не значи дека не е моќен.
Верзијата со 16GB меморија ќе чини 469 долари, додека со 32GB ќе чини 569 долари.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.