Microsoft спрема поевтина конзола - Xbox Series S

Објавено на 22.06.2020 во Игри



Microsoft спрема поевтина конзола - Xbox Series S

Се прогнозира дека Microsoft спрема нова генерација на конзола за играње што ќе биде поевтина. Sony е ориентиран на најголемата вредност што нивната конзола може да им ја пружи на корисниците, а не на поповолна цена, додека во Microsoft играат на картата со пониски цени.

Xbox Series X, поскапата верзија, би требало да биде за 50 или дури 100 долари поевтин од новиот PlayStation 5, при што поевтината верзија ќе биде Xbox Series S. Поевтината конзола нема да има читач на дискови и ќе има послаб хардвер од Series X, но перформансите ќе бидат подобри од актуелната верзија на Xbox One X.