Huawei со Harmony OS 2 ќе го амортизира Google
Објавено на 11.09.2020 во Новости
Harmony OS 2.0 ќе овозможи целосна интеграција на смартфонот со сите останати смарт уреди како телевизори, часовници и апарати за домаќинство.
Huawei исто така целосно ја отвори платформата на Harmony OS како замена за Android на Google, со што се надева дека ќе привлече голем број на девелопери кои ќе изработуваат апликации и софтверски решенија.
На HDC беше потенцирано дека Harmony OS 2.0 има голема безбедност и заштита на приватноста, дека располага со бројни напредни смарт решенија базирани на вештачка интелигенција и дека може да обезбеди непречена и продолжена работа меѓу сите поврзани уреди.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.