MWC 2021 ќе се одржи дури во јули во Барселона

Објавено на 23.09.2020 во Новости



MWC 2021 ќе се одржи дури во јули во Барселона

GSM асоцијацијата донесе одлука да го помести датумот за одржување на главната европска манифестација за мобилна технологија и наместо традиционално на крајот на февруари и почетокот на март MWC 2021 ќе се одржи на крајот на јуни и почетокот на јули.

Европскиот конгрес повторно како домаќин ќе го има големиот саем во Барселона. Годинава конгресот беше одложен поради неизвесноста со корона вирусот. 

Организаторите се надеваат дека до јули 2021 ќе може да се одржат сите презентации со физичко присуство.