Ако некој уште го памети, HTC лансира нов смартфон

Објавено на 19.10.2020 во Новости



Ако некој уште го памети, HTC лансира нов смартфон

HTC долго време е на маргините на смартфон пазарот иако некогаш важеше за еден од најуспешните брендови. Сега, по долга пауза HTC повторно лансира нов смартфон кој припаѓа на средната класа.

Новиот HTC Desire 20 Plus ќе биде продаван за дена од околу 300 долари, а ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 720 процесор кој нуди поддршка за 5G мобилна конекција.

Исто така HTC Desire 20 Plus нуди четири главни камери на задната страна, како и батерија со капацитет од 5000 mAh.