Првите VR очила на Apple ќе чинат 3000 долари

Објавено на 05.02.2021 во Новости



Првите VR очила на Apple ќе чинат 3000 долари

Apple подготвува прва верзија на VR очилата кои ќе пристигнат за некоја година, а нивната цена ќе изнесува околу 3000 долари бидејќи се уште хардверот е во прототип фаза.

Според најновите информации Apple VR очилата ќе имаат два екрана со 8K HD резолуција, а ќе нудат поддршка и за AR приказ на содржини со соодветен визуелен интерфејс за интеракција со предмети и уреди во реално време.

Засега се прават тестови за начинот на контрола над Apple VR преку очите на корисникот, гестови со раце или со физичко копче.