Успехот на Pixel 6 зависи од новиот чип на Google

Објавено на 19.05.2021 во Новости



Успехот на Pixel 6 зависи од новиот чип на Google

Рендерите за Google Pixel 6 веќе излегоа во јавноста, кои најверојатно ќе бидат вистинити со мал процент на можна грешка. Google самиот беше изненаден од производството на само 800 илјади парчиња парчиња од едицијата во 2020 на Pixel 5 серијата, со очекувања дека ќе бројката ќе биде 3 милиони, со оглед на тоа што 2019, Google продал 7.2 милиони Pixel телефони.

Од Pixel 6 се очекува да направи бум на пазарот, кој ќе има класичен Pixel 6 и поголем Pixel 6 XL или Pixel 6 Pro. Придобивката од новите модели ќе се базира потенцијално на новиот чип на Google. Google работеше со години на модифициран ARM чип и Pixel 6 фамилијата ќе биде првиот продукт што се очекува конечно да го добие.

Шефот на Google, Сундар Пичаи, не спремаше за овој момент на минатите неколкуѕ Google конференции, велејќи дека треба да очекуваме „важни надградби на продуктите и нови најави“. Кодното име на новиот чип е Whitechapel, кој според спецификациите би требало да биде убиецот на Snapdragon 888.