Илон Маск му го „лапна“ „ai.com“ домејнот на OpenAI

Објавено на 08.08.2023 во Новости



Илон Маск му го „лапна“ „ai.com“ домејнот на OpenAI

AI.com домејнот беше во сопственост на компанијата OpenAI, која што ја поседуваше оваа веб страница без да оперира со неа, туку ги пренасочуваше корисниците кон популарниот ChatBot - ChatGPT. Сега Илон Маск е сопственик на овој домејн и интернет адреса, а OpenAI ја изгуби сопственоста. 

Доколку внесете AI.com сега на Google, URL ве води кон почетната страница на X.ai, новата технолошка компанија за развој на вештачка интелигенција, во сопственост на Илон Маск. OpenAI го држеше домејнот до 29 јули, кој го купила за милиони долари, затоа што е вистинска реткост да поседувате URL со само два знака.