Одложено лансирањето на Crew Dragon од здравствени причини

Објавено на 03.11.2021 во Новости



Одложено лансирањето на Crew Dragon од здравствени причини

Капсулата Crew Dragon требаше да биде лансирана денес, но поради здравствени проблеми на еден од четворицата астронаути од екипажот, летот морало да биде одложен за сабота, официјално соопшти НАСА. Откриваат само дека не станува збор за коронавирус и не се работи за фрапантен проблем.

Астронаутите веќе беа во карантин во период од две недели, што е стандардна процедура пред лансирањето. „Тимовите ќе го следат здравјето на екипажот и ќе ги проценуваат можните прилики за лансирање. Првата прилика е во сабота, 6 ноември“, пишува во официјалното соопштение на НАСА.





Прочитајте повеќе: