Dynamic Island пристигнува на сите iPhone 15 телефони
Објавено на 24.03.2023 во iOs

Во септември Тим Кук ќе ги претстави новите модели на Apple телефони. iPhone 15 серијата ќе биде со четири нови уреди: iPhone 15, 15 Plus, 15 Pro и 15 Pro Max. Една од најзначајните опции на iPhone беше Dynamic Island.
Опцијата настана како резултат на интеграција на хардверот и софтверот, а се покажа како прилично корисна и нема сомневање дека можеме да ја очекуваме и на се поголем број на телефони со Android оперативен систем. Минатата година беше претставена на сите Pro модели, додека оваа година ќе го има на сите iPhone 15 модели.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.