Вип го осигура своето второ место во Македонија

Објавено на 10.05.2012 во Новости



Вип го осигура своето второ место во Македонија

 

Во Република Македонија, корисничката база на мобилни претплатници на Вип оператор
во првиот квартал од 2012г. порасна за 18.5% споредено со истиот период од минатата
година на повеќе од 581,000 корисници. Вип оператор ја зајакна својата позиција како
втор мобилен оператор на пазарот зголемувајќи го пазарниот удел од 21.5% на 26.1% на
крајот на март 2012г. Приходите забележаа пораст од 22.5% до 13.6 милиони евра како
резултат на поголемиот број на корисници и поголемиот сообраќај.
 
Заработката пред оданочување, камати, амортизација и депресијација (ЕБИТДА)
забележа раст од негативни 0.4 милиони евра во првиот квартал од 2011 до
позитивен износ од 3.0 милиони евра, пред се како резултат на зголемените приходи и
намалувањето на оперативните трошоци.
Оперативна загуба е подобрена до 1.9 милиони евра во првиот квартал од 2012.
 
- Задоволни сме од континуираниот стабилен раст и развој на нашата компанија,
благодарение на довербата која ја изградивме кај нашите корисници и посветената
работа на целиот тим на Вип. Во очекување на новите предизвици, Вип продолжува да
ја реализира својата деловна стратегија со цел да обезбеди секогаш повеќе вредност
за македонските граѓани. – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип
оператор.
 
За повеќе информации за Финансискиот извештај на Телеком Австрија Групацијата за
првиот квартал 2012, посетете ја веб страницата http://www.telekomaustria.com/ir/interim-
results.php.