Кој македонски оператор нуди најефтини цени на роаминг

Објавено на 22.06.2012 во Новости



Кој македонски оператор нуди најефтини цени на роаминг

 

Операторот Vip нуди најефтина цена за разговори од странство кон сите мрежи во Македонија за само 9.99 денари минута. Оваа тарифа ќе трае цела сезона, односно до 30 септември 2012-та.

Во споредба со останатите оператори Vip има најефтина понуда, кога се во прашање повиците кон дома, без разлика каде се наоѓате ова лето. Оваа услуга се активара на едноставен начин. За да повикате некого го внесувате кодот *123*3897ХХXXXXX#, по што ќе добиете повратна порака за воспоставување на повик. Повиците со USSD кодот кон меѓународни зони ќе ве чинат 89.9 денари по минута.

Тарифирањето се врши на интервал од 60 секунди. Оваа понуда е достапна за сите пост пејд и при пејд корисници, а може да ја користите само доколку странскиот оператор чија мрежа ја користите додека сте во странство овозможува вакви позиви, со овој USSD код.

Истата услуга ја нуди и Т-Mobile. Цената на повик изнесува 10 ден/минута, но за разлика од Vip потребна е претходна активација, која чини 100 денари. Оваа услуга е достапна и за пост пејд и при пејд корисниците. Услугата треба да ја активирата преку телефонскиот апарат на Т-Mobile 142 099, а доколку го сторите тоа додека се наоѓате во странство ќе ве чини според регуларна цена за повик од странство. Повиците пак, кон другите мрежи во Македонија се двојно поскапи, односно изнесуваат 20 ден/минута.

Кај Т-Mobile постои и опции за превземање на бесплатна апликација која е наречена Најефтин роаминг. Преку оваа апликација не мора да го внесувате USSD кодот, а друга поволност се ефтините СМС пораки за само 6 денари. Може да ја активираат само оние што имаат нова СИМ картичка од  Т-Mobile.

Најскапа услуга за роаминг преку повиците со USSD кодот нуди операторот ONE. Цената кај словенците изнесува 24,9 денари само кон мрежата на ONE, а кон другите национални мрежи високи 39.9 денари. Повиците пак кон странски мрежи изнесува 82.6 денари. Сепак, кај ONE ја наоѓамe најниската цена за една СМС порака, која изнесува 5.9 денари кон сите домашни и странски мрежи.

Начинот на активирање е сличен, па кога се јавувате кон Македонија, пред телефонскиот број  го додавате кодот 123, па потоа меѓународниот позивен код за Македонија 398 и добивате повратна порака за воспоставување на позивот. И кај овој оператор потребно е да имате нова СИМ картичка, за користење на оваа услуга, а тарифирањето се прави на 30 секунди, по поечетниот интервал од 60 секунди.

Кај ONE нема дополнителни трошоци за активација, а се однесува на сите при пејд и пост пејд корисници. Услугата е возможна само ако странскиот оператор на кој сте приклучени овозможува повици и праќање пораки со USSD кодот.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: