12,8% пад на приходите за Македонски Телеком и Т-Мобиле

Објавено на 09.08.2012 во Новости



12,8% пад на приходите за Македонски Телеком и Т-Мобиле

 

Лидерот во мобилната и фиксна телефонија Македонски Телеком и Т-Мобиле за првите шест месеци од годинава бележат пад на приходите од 12,8%.

Во првата половина од 2012 година приходите се намалени за 12,8% во споредба со истиот период од минатата година. Во првата половина од годинава, приходите на Македонски Телеком и на Т-Мобиле изнесуваат 6,9 милијарди денари и нето добивка од 1,8 милијарди денари, согласно МСФИ (Меѓународните стандарди за финансиско известување).

Македонски Телеком стои на лидерското место со 74% удел на пазарот во сегментот на фиксна телефонија и во делот на широкопојасниот интернет со удел од 56%.

Во делот на мобилната телефонија, приходите се намалени, но и покрај тоа, на крајот на јуни годинава Т-Мобиле има 1,223 милиони претплатници, со што остварува водечка позиција со 49,9% удел на пазарот.