Archos го претстави 101 XS таблетот

Објавено на 23.08.2012 во Новости



Archos го претстави 101 XS таблетот

 

Archos го претстави долго-очекуваниот таблет Archos 101 XS со 10 инчен дисплеј, Ice Cream Sandwich и дво-јадрен TI OMAP-4470 процесор.

Со таблетот заедно доаѓа и специјална тастатура која истовремено служи и како заштита за 10 инчниот дисплеј со резолуција од 1,280 x 800 пиксели, а за таблетот се прикачува со помош на магнети.

 

Како што кажавме таблетот доаѓа со ICS, но веќе е најавена надградба во Jelly Bean, така што таблетот нема да бидат подолу од конкурентите. Од другите перформанси, се издвојуваат 16GB внатрешна меморија и камера од 1,3 МП за видео повици.

101 XS се очекува да дојде во ноември и да чини околу 400 долари.

Автор: Aleksandar Stankov