Конечно дојде Motorola Droid Razr HD

Објавено на 09.09.2012 во Новости



Конечно дојде Motorola Droid Razr HD

 

Во моменти кога сите беа окупирани со презентацијата на смартфоните на Nokia со Windows Phone и таблетите на Kindle Fire, Motorola ја имаше таа несреќа да претстави неколку подобрувања на своите смартфони, кои добиваат додавка HD во името. Сега ви го претставуваме долго очекуваниот Motorola Droid Razr HD.

Пред речиси три недели неочекувано се појави Motorola Droid Razr М, кој беше уште еден просечен уред во некогаш одличната серија. Сега конечно го имаме вистинскиот наследник на Motorola Droid Razr, кој минатата година беше вистински хит. Неговиот наследник има очигледни промени во дизајнот, но тука повторно ќе ги најдете класичните карактеристики како водоотпорниот материјал, позадината изработена од Kevlar и цврстината на смартфонот.

Екранот кај Motorola Droid Razr HD е вистинско подобрување со 4.7 инчи Super AMOLED, зајакнат со Gorila Glass материјалот за издржливост. Сликата е одлична со јасни бои и широк агол на гледање.  Хардверот е подобрен и со дво-јадрениот 1.5 GHz Qualcomm Snapdragon процесор, како и 4G LTE конекција. За софтверот се погрижи Android, но со најновата верзија Jelly Bean. Сепак до моментот на пуштање во продажба можно е и враќање на Ice Cream Sandwich, доколку се покаже дека тоа е подобра варијанта.