BlackBerry 10 Aristo со нови детали

Објавено на 08.10.2012 во Новости



BlackBerry 10 Aristo со нови детали

 

Изгледа дека BlackBerry се враќа на голема врата и иако промоцијата ќе биде за неколку месеци според првичните податоци вреди да се почека. На дневен ред се нови детали за смартфон кој го носи името на најславниот философ Аристотел.

BlackBerry 10 Aristo ќе припаѓа на А-класата на смартфони што значи овој пат од RIM очекуваме врвни карактеристики. Едни од тие се прилично голем екран со дијагонала од 4.65 инчи и напредна OCTA Glass OLED технологија, уште понапреден четири-јадрен процесор со брзина до 1.5 GHz обезебеден од Qualcomm.

Освен за врвните хардверски карактеристики веќе ве информиравме и за одличните новитети во софтверскиот дел на OS BlackBerry 10 кој ќе биде многу пофункционален и поразличен од сите останати конкуренти.