Светскиот хит, ексклузивно во Vip: Windows Phone 8X од HTC

Објавено на 12.11.2012 во Новости



Светскиот хит, ексклузивно во Vip: Windows Phone 8X од HTC

 

 

Првиот Windows Phone 8 телефон со Beats Audio™ и камера со ултра широкоаголен објектив за прв пат во Македонија и ексклузивно во Vip!



Фатете двојно повеќе со камерата со ултра широкоаголен објектив

Колкупати сте сакале да се фотографирате заедно со Вашите пријатели на некое

интересно место, но сте успеале да го опфатите во кадарот само Вашето лице, без

заднината и пријателите? Сега можете сите заедно да се фотографирате! Ексклузивната

предна камера со 88° ултра широкоаголен објектив има речиси трипати поголем опсег од

повеќето предни камери и Ви овозможува во еден кадар да опфатите повеќе луѓе. Повеќе

луѓе, побогат пејзаж, повеќе незаборавни спомени.

 

 

Извонредна камера која го буди фотографот во Вас

HTC ImageChip Ви овозможува да направите најквалитетни, живописни и реалистични

фотографии. Камерата е опремена со f/2.0 бленда, најдобрa во својата класа, за целосно

доловување на моментот дури и во услови на слаба светлина. Вашите фотографии ќе

изгледаат фантастично и кога фотографирате во слабо осветлени ресторани, забави во

затворен простор или на зајдисонце.

 

 

Моќен звук со Beats Audio™

8x има специјален вграден засилувач и звукот од слушалките е помоќен од кога било

досега! Во комбинација со Beats Audio™, кој за првпат е интегриран во Windows Phone

телефоните, Windows Phone 8X нуди ново аудио доживување. Уживајте во звук со

подлабок бас, чисти вокали и јасни високи ноти додека слушате музика, играте игра или

гледате филм и видеоснимки.

 

Уникатен дизајн и екран

8x изгледа едноставно и е пријатен на допир, но истовремено има иновативен и

уникатен “unibody” дизајн со совршен и елегантен облик - без нерамни или изразени

делови. Копчето за камерата е совршено интегрирано и практично невидливо,

надополнувајќи го врвниот, впечатлив дизајн.

8x има јасен екран во секакви услови. Фотографиите сега изгледаат одлично дури и кога

ги гледате на директна сончева светлина или под одреден агол, на овој ламиниран екран

со блескави бои и остар контраст. Издржлив, лесен и отпорен на гребење, екранот со

Gorilla® Glass заштита ? пркоси на секојдневната изложеност на секакви услови и Ви

овозможува долго да уживате во кристално јасен приказ на фотографии, видеоснимки, филмови и видеоигри.

 

 

Вашиот свет во реално време

Во денешно време, брзиот пристап до информации и новости е навистина важен и

неопходен. Live Tiles Ви овозможува да го прилагодите Вашиот почетен екран токму

онака како што посакувате за да можете во реално време и лесно да ги дознаете

новостите за најважните луѓе и нешта во Вашиот живот. Можете да креирате Live Tile

за сè и сешто и да ги поставите иконите на Вашиот почетен екран. Креирајте икона

за одредена личност или апликација и веднаш ќе ги дознаете последните новости,

понуди и известувања - доволно е само да го погледнете Вашиот телефон. Променете ја

големината, распоредот и бојата на иконите и уживајте во поедноставениот пристап кон

нештата кои Ви се најважни.