Телеком Австрија има раст на приходот со Вип во Македонија

Објавено на 20.10.2015 во Новости



Телеком Австрија има раст на приходот со Вип во Македонија

Телеком Австрија Групацијата ги објави финансиските резултати за третиот квартал, како и за првите девет месеци од 2015 г., вклучувајќи ги и резултатите од работењето на сегментот Македонија.

Како резултат на силната конкуренција во мобилниот сегмент и трендот на намалување на вкупната пенетрација на пазарот, бројот намобилни корисници се намали до 624,000 корисници, при што пазарниот удел на Вип остана на ниво од 28.5% . Со аквизицијата на Близу, сегментот Македонија брои околу 86,000 фиксни пристапни линии за првите девет месеци од 2015г.

Приходите во Македонија, вклучувајќи го и Близу, изнесуваа 50.5 милиони евра за девет месеци од 2015, што претставува раст од 12.7% во споредба од истиот период минатата година, додека во истиот период заработката пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (ЕБИТДА) забележува пораст од 25.4% и достигна 11.6 милиони евра.  Оперативните трошоци се зголемија за 11.0% споредено со истиот период од минатата година, и оперативната добивка забележа пад до 466,230 евра.

Воедно, на почетокот на октомври 2015 година беше завршена трансакцијата за спојувањето на подружницата на Телеком Австрија Групацијата, Вип оператор и на подружницата на Телеком Словеније Груп, Оне, со што беше формирана нова компанија оне.Вип ДОО Скопје. Резултатите од работењето на новиот ентитет ќе бидат внесени во извештаите на Телеком Австрија Групацијата во четвртиот квартал од 2015 година.