Хакери работат на Jailbreak за iPhone 5

Објавено на 16.11.2012 во iOs



Хакери работат на Jailbreak за iPhone 5

 

Добра вест за тие што планираат да го купат новиот iPhone 5 бидејќи за да го користите во Македонија ќе ви треба ваков програм кој ќе ви овозможи да го користите на овдешната мрежа, односно да се отклучи од странските оператори кои го продаваат. Хакерите од Chronic Dev велат дека се блиску до вакво решение.

Според нив iPhone 5 е досега најтешкиот уред за хакирање од Apple, но делчињта од мозаикот полека се вклопуваат. Од Chronic Dev ветуваат дека корисниците ширум планетата, кои се соочуваат со истиот проблем ќе може да го искористат пристапот до iPhone 5 веќе од наредниот месец.

Сега останува уште да најдете начин како да го купите овој одличен уред, а што е најважно ќе бидете сигурни дека ќе може слободно да го користите во Македонија, доколку не ви се чека додека не го донесе некој од домашните оператори.