Real Racing 3 доаѓа во февруари за iOs

Објавено на 18.01.2013 во Игри



Real Racing 3 доаѓа во февруари за iOs

Една од најдобрите тркачки игри наменети за мобилните уреди доаѓа во февруари со нови автoмобили и досега невидени тркачки патеки.

Real Racing 3 ќе се појави наредниот месец како ексклузивна игра за уредите на iOs, со напомена дека најдобар уред за оваа игра е таблетот iPad. Играта повторно ја изработува студиото Firemonkeys и може слободно да се заклучи дека ја поседува можеби најдобрата графика кај игри со симулација на возење.

За последната игра студиото имплементирало нов начин на креирање на патеките кои се многу возбудливи и на прилично необични локации низ градот Мелбурн, но вклучени се и некои од најпознатите светски автодроми. Во следното видео погледнете како тимот на Firemonkeys го објаснува процесот на создавање на Real Racing 3, како и дел од гејмплејот.