Ubuntu Touch достапен за нови мобилни

Објавено на 01.03.2013 во Новости



Ubuntu Touch достапен за нови мобилни

Откако првичната верзија на Ubuntu Touch Preview беше промовирана кај смартфоните и таблетите од семејството на Google Nexus, Canonical најавува дека таа можност наскоро ќе ја добијат уште многу други мобилни телефони и таблети од различни брендови.

Canonical го изработи еден од најновите оперативни системи, кој сеуште е во почетна фаза и е смартфон верзија на познатиот Ubuntu, со цел да се донесе поголемо компјутерско искуство кај мобилните телефони.

Ubuntu може да биде навистина хит кај мобилните телефони, а во овој момент секој сопственик на Nexus уред може да проба како функционира овој софтвер. Canonical соопшти дека работи со повеќе програмери за развој на платформата и нејзина достапност на нови смартфони како HTC Desire, HTC DROID DNA, Huawei Ascend G300, Samsung Galaxy Note I и II, Sony Xperia S, Sony Xperia T, Galaxy S III. Од следното видео погледнете кратка презeнтација на Ubuntu Touch Preview кој работи на Nexus 4.