Промотивен попуст од 50% на Boom TV

Објавено на 22.05.2013 во Новости



Промотивен попуст од 50% на Boom TV

Уште едно освежување во Boom TV. Телекомуникацискиот оператор ОНЕ, ја намалува претплата во резидентниот Boom TV сегмент за цели 50% со цел да им помогне на граѓаните во процесот на дигитализација на телевизискиот сигнал во Р. Македонија.

 

Од 22 мај, сите нови или постоечки корисници на Boom TV кои ќе потпишат нов договор ќе добијат единствена можност да користат промоција од 50% попуст на месечната претплата за целото времетраење на договорот, т.е. 24 месеци.
 
Такa на пример, новите корисници на Mini Boom TV наместо регуларната претплата од 199 денари, ќе плаќаат 99,5 денари, во наредните 2 години. Преглед на понудата за Boom TV, во табелата: 
 
 
“ОНЕ ја лансира оваа понуда во пресрет на претстојната дигитализација. Освен што сакаме на корисниците да им понудиме врвен квалитет на услугата и достапна цена, конкретно со оваа понуда, сакаме и да им помогнеме на граѓаните на Р. Македонија евтино и едноставно да го поминат процесот на дигитализација”, изјави Генералниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол. 
 
 
Новата промоција на ОНЕ е можност за корисниците брзо и едноставно да се подготват за претстојната дигитализација. Со дигитализација преку супериорниот дигитален пакет на ОНЕ корисниците добиваат кристално јасна слика и звук, постојан квалитет на сигналот, избор на програми, можност за мобилен и преносен начин на прием и уште многу придобивки. 
 




Прочитајте повеќе: