Вознијак за Jobs: Филмот нема допир со реалноста

Објавено на 17.08.2013 во Новости



Вознијак за Jobs: Филмот нема допир со реалноста

Најновиот филм за основачот на Apple почна да се прикажува во кино салите во САД, а во главната улога е Ештон Качер кој прикажува своја верзија на култниот Стив Џобс, меѓутоа неговиот пријател и ко-основач на Apple е разочаран од филмот кој нема допир со реалноста.
 
 
Стив Вознијак по гледањето на филмот Jobs напиша своја рецензија во која објаснува зошто не се согласува со работата на Качер, кој инаку добро го глуми Џобс, а ги пофали и останатите актери. Вознијак смета дека уметноста  и желбата за заработка се едно, но настаните биле сосема поинакви пред 30 години.
 
 
Најмногу му пречи тоа што Качер го нападнал за искористување на своите соработници на почетокот на Apple иако Вознијак им отстапил голем дел од сопствените акции за да можат и тие да заработат. Качер и воопшто не го побарал за консултации и манипулира со медиумите за нивниот спор со изговор дека Вознијак работи на друг биографски филм, но на него воопшто не му било дозволено да работи на сценариото на филмот.
 
 
Освен Вознијак забелешки имаат и други поранешни вработени во Apple кои дале коментар дека нема да го гледаат филмот кој инаку би го сместиле во жанрот фикција. Сепак интересот за Jobs е голем и нема сомневање дека филмот успешно ќе помине на кино благајните, па затоа доколку го погледнете сфатете го како забава, а не како документаристички приказ на историјата на Apple.
 
 
Како загревање за филмот погледнете го официјалниот трејлер за Jobs.
 

Автор

Христијан Станоевиќ